Потребите и предизвиците на бизнис секторот од Пелагонискиот регион во процесот на дигитализација и зелена трансформација

25.10.2023, Ректорат на Универзитет Св. „Климент Охридски“, Битола

Почитувани,

Ве покануваме на координативен состанок за иницирање јавна дискусија за потребите и предизвиците на бизнис секторот при процесот на дигитализација и зелена траснформација, кој ќе се одржи на 25ти октомври, 2023, во салата за состаноци на Ректоратот на Универзитет Св. „Климент Охридски“ Битола, во 11 часот. Овие консултативни средби се одржуваат во соработка со УНДП како дел од нивната програмска мисија за идентификација на идни активности, дел од проектот Creating job opportunities for all – IV.

Ве покануваме на јавна дебата како клучен стеихолдер, заедно со други претставници од приватниот сектор, општините, универзитетите и Центарот за развој на Пелагонискиот регион, како би можеле да придонесете со свои препораки за надминување на предизвиците на Пелагонискиот регион, при имплементација на дигатализацијата и зелената траснформација, а дел од процесот на праведна транзиција. Теми за дискусија на оваа средба се:

  • Кој е степенот на дигитализација на компаниите?
  • Каква импликација ќе има врз нив трансформацијата кон економија со ниска емисија на стакленички гасови?
  • Какви планови и предизвици имаат на патот кон зелена трансформација?
  • Кои мерки и средства им се потребни за да ја остварат оваа трансформација?

Вашиот придонес кон оваа дискусија е од особено значење, како би можело да се стекне појасна слика за потребите и предизвиците на бизнис секторот, особено во областа на човечките ресурси, потребите за развој на вештини кај работоспособното население, потребите за промена на бизнис моделот како одговор на внатрешни и надворешни фактори, економски, геополитички и конкурентски притисиоци, со цел воведување нови трендови кој ќе ја намалат стапката на невработеност и јазот меѓу побарувачката и понудата на работна сила.

Ве молиме потврдете го вашето присуство најдоцна до понеделник 23ти октомври на elena@theprimepoint.com.

Поддржувач на настанот е Универзитетот Св. „Климент Охридски“, Битола.

Со почит,

Зоран Мартиновски,

Претседател на Prime Point Partners и Prime Blue Institute

Национален консултант на УНДП

Scroll to Top