ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА ДОБАВУВАЧКИ ФАКТОРИНГ

Тим од консултанти и експерти кои се дел од PrimePoint Partners, во склоп на проектот за Факторинг на УСАИД имплементиран од Фактор Труст, спроведе анализа за пазарниот потенцијал на инструменти за финансирање на трговијата, со фокус на добавувачки факторинг. Во склоп на анализата, направивме истражување меѓу компаниите со голем број на добавувачи и меѓу најголемите банки во Македонија со цел да ја утврдиме потребата и понудата.

Ни претставува чест да ве поканиме на презентација на анализата и резултатите од истражувањето на online настан кој ќе се одржи на 15.10.2020 од 10:00 – 11:15 часот, преку ZOOM. Преку овој настан ќе имате можност подетално да се запознаете со добавувачкиот факторинг, да слушнете за неговата примена на регионалните пазари и да се запознаете со неколку успешни примери од регионот со кои се илустрира значењето на добавувачкиот факторинг за големите компании.

Говорници на настанот ќе бидат:

  • Ловре Ристевски, УСАИД Факторинг Проект на Фактор Труст
  • Дарко Стефановски, Директор на сектор за кредитно осигурување и факторинг, Македонска Банка за Поддршка и Развојот
  • Иван Шверко, Head Of Risk Management at PBZ Invest, Хрватска
  • Ивана Станковиќ, Senior Business Analyst, PrimePoint Partners

Настанот ќе се одржи на македонски јазик, со превод на англиски. За приклучување, ве молиме клинкете на овој ЛИНК: https://zoom.us/j/9481394228

Сите кои сакаат да се пријават на настанот, ве молиме контактирајте не на maja@theprimepoint.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *