ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРСКА ПРОГРАМА ВО ПОГРАНИЧНИОТ РЕГИОН МЕЃУ МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА

Проектот “Пограничен интелигентен акцелератор за иновативни ИКТ старт-апи (ИПГА)“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за учество во обуки, како дел од акцелераторска програма, која има за цел стимулирање на претприемништвото во пограничниот регион меѓу Грција и Македонија.

Кој може да аплицира:

  • Индивидуалци кои сакаат да креираат свој бизнис
  • Тимови кои сакаат да креираат нова компанија
  • Стартап компанија во ран развој
  • Минимум еден од учесниците од тимот треба да биде со место на живеење во некоја од општините кои граничат со Република Грција

Што ќе научите:

  • Развој на успешна претприемачка идеја
  • Изработка на бизнис модел канвас
  • Методи за тестирање на ефективноста на бизнис моделот
  • Евалуација на технологијата, одржлива иновација и отворена иновација
  • Заштита на интелектуалната сопственост на новите стартап идеи
  • Развој на стратегија
  • Идентификување на пазарниот потенцијал
  • Пристап до финансии, подготвеност за инвестиции
  • Маректинг на нова технологија

Најдобрите тимови ќе имаат можност за:

  1. МЕНТОРИ кои се исклучителни и докажани професионалци од бизнисот
  2. Платено учество на дводневен BOOTCAMP во Охрид
  3. Платено учество на БРОКЕРСКИ настан во Солун
  4. Најдобрите ќе бидат наградени со:

    • Виртуелно членство во ПСМ бизнис инкубаторот за една година, пристап до консултантски услуги, адвокатски совети, можност за користење сала за состаноци и сала за одржување обуки, ваучер за обуки, совети за интернационализација во вредност од 2000 ЕУР
    • Консултации и експертиза во подготвување апликација со можност за стипендирана тримесечна пракса во компанија од соодветна индустрија во земјите од ЕУ – во вредност од 2500 ЕУР, во рамки на Еразмус+ програмата за период од 2021/22
    • Учество во Приме Акцелератор за најдобрата компанија со бесплатни консултантски услуги, со изработка на бизнис план, финансиски проекции и со поврзување со клиенти – во вредност од 5000 Еур.

Предавањата ќе се одржат во текот на месец април, а дополнителните настани во текот на следните месеци (мај, јуни, јули). Предавањата ќе ги одржат професори и истакнати менаџери од Македонија и Грција. Процесот ќе се одвива интензивно и ќе биде насочен кон забрзување на капацитетите на учесниците кои за само неколку недели ќе бидат подготвени да ги презентираат своите бизнис идеи пред истакнати инвеститори.

Учеството на програмата е бесплатно и ќе се одвива онлајн!

Ако сте заинтересирани да аплицирате, Ве молиме пополнете ја формата.

За повеќе детали може да се обратите на следниот контакт maja@theprimepoint.com

Повикот ќе биде отворен до 7 април.
Ве очекуваме со нетрпение!

Оваа бизнис-акцелераторска и менторска програма ја имлементира регионалната компанија за бизнис советување и акцелерација

PRIMEPOINT PARTNERS www.theprimepoint.com

Scroll to Top