Почеток на имплементација на проект за дуално образование во вредност од 665,500 евра во средното училиште „Ванчо Прке“ од Виница

Со денешниот координативен состанок на членовите на конзорциумот предводен oд Средното училиште„Ванчо Прке“ од Виница и компаниите Макпрогрес, Агробар и Макнова, официјално започнува имплементацијата на проектот кој беше награден со грант во висина од 665,500 Евра од Регионалниот фонд за предизвици. Фондот е иницијатива на Германската развојна банка (KfW), а финансирана од германското Федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ).

Со потпишувањето на договорот се отпочнува набавката на машини кои ќе им бидат на располагање на учениците од дуалните паралелки за практична работа во прехрамбената, текстилната и метална струка, единствена таква опрема во Македонија наменета за наставни цели.

Преку набавката на овие машини и со воведување на иновативни наставни програми засновани на компетенции за трите програми за дуално образование, училиштето ќе произведе генерации на студенти целосно подготвени со професионални вештини потребни за брза интегрирација во пазарот на трудот. Дополнително, во склоп на проектот ќе бидат имплементирани технички обуки за наставници и ментори од коппаниите за употреба на новите машини и опрема, употреба на напредни технологии, дигитализација, енергетска ефикасноста, зелени вештини, ЕSG, итн.

Покрај технички вештини, ажурираната наставна програма ќе вклучува и учење за меки, комуникациски и лидерски вештини, иновации и претприемништво.
Развојот на програмите за едукација од овој профил, со вклучена активна практична ќе ги приближат студентите со компаниите кои моментално имаат недостаток од ваков кадар. Како стручно училиште кое има директна соработка со компаниите во државата, ваквата иницијатива ќе придонесе за развој на домашните компании со локално образувани капацитети.

Консултантската компанија PrimePoint Partners беше вклучена во целиот процес на креирање на концептот, координација на конзорзиумот и развој на апликацијата.

Scroll to Top