Проект: Оддржлив развој на Македонска Каменица
Партнери: Општина Македонска Каменица и Фондација САСА
Имплементатор: PrimePoint Partners
Место: Културно информативен центар Романса, Македонска Каменица
Датум: 29.03.2023
Време: 10:30
На 14ти Март во Домот на Културата во Македонска Каменица пред претставници од Советот на општината беше презентирана програмата „Оддржлив развој на Македонска Каменица”. Програмата содржи низа активности за поддршка на локалните бизниси, невладните организации и младите преку можности за едукација и градење на претприемничките капацитети, бизнис поддршка и советување, пристап до финансии и пристап до пазари, итн. Во склоп на програмата ќе бидат развиени механизми за поддршка на постоечките и креирање на нови компании, со посебен фокус на секторите оддржлив туризам и одржливо земјоделие како стратешки определби на Општина Македонска Каменица.
Проектот подразбира активна соработка со локалното население и нивна вклученост во активностите кои ќе бидат спроведени во насока на развој на локалната економија и градење на препознатливоста за Македонска Каменица како туристичка дестинација.
По тој повод ги покануваме претставниците на приватниот, јавниот и невладиниот сектор, претставници на образовните и научните институции, младите како и сите заинтересирани граѓани на Македонска Каменица кои сакаат да дадат свој придонес со идеи и проекти за развој на општината, да ни се приклучат на 29.03 во Културно информативен центар Романса.
За време на овој отворен настан, сите присутни ќе можат да ги споделат своите идеи за долгорочен развој на општината како и да добијат повеќе информации како би можеле да бидат вклучени во работните групи кои се однесуваат на: инфраструктурни проекти, развој на туристичката понуда и развој на агри-бизнис.
Презентацијата со детали за проектот можете да ја најдете на следниот ЛИНК.
Сите заинтересирани за учество, треба да се пријават на: renata@theprimepoint.com
Повеќе информации на телефон: 072 261 663