ПИЛОТ ОБУКА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ ВО ВИНИЦА

Академијата за Извршни Менаџери во Виница беше официјално отворена. Академијата за Извршни Менаџери е дел од Фондацијата ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА Виница и се стреми за развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој.

Пилот обука на Академијата се одржа на 24ти и 25ти Јуни во Виница во просториите на хотел Централ. Покрај 20те учесници на обуката, пристуни во живо беа и 8те инструктори на Академијата за Извршни Менаџери на Прогресив Фондација.

Пред почетокот на обуката учесниците можеа да го следат официјалното отворање на Академијата кое се одвиваше онлајн каде се обратија претставници на покровителите на Академијата МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија.

Обуката остави силен впечаток до сите учесници кои беа среќни што имаа можност да ги слушнат извонредните предавачи. Една од учесниците на обуката, М-р Николина Петровска, медиумски едукатор кажа “Ако земеме во предвид дека знаењето  е најмоќната алатка што го контролира светот веќе се е е јасно. Можам да кажам дека сум среќна и благодарна што добив приликата да бидам дел од сево ова уште пред да почне. Во 21 ви век кога праксата и вештините се клучни за успех се радувам што еден таков извор се наоѓа во мојата родна Виница” .

Повеќе детали во однос на Академијата, уписот и модулите имате на следната страна: https://www.progressive.org.mk/

 

Scroll to Top