„Македонски Корнер” во Будва – македонски производители ќе бидат претставени на најголемиот бизнис настан во Црна Гора во организација на Стопанската комора на Црна Гора

Македонски производители од прехранбената индустрија ќе имаат заедничко претставување на „Македонски Корнер“ во склоп на економската конференција во Будва организирана од Стопанската Комора на Црна Гора.  „Македонски Корнер“ се организира во рамки на програмата “Поддршка за извоз на македонски производи во Црна Гора“ имплементирана од PrimePoint Partners, во партнерство со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (IME).

На конференцијата, која на 26 – 28 октомври ќе се одржи во Хотел Сплендид на црногорската ривиера,  учество ќе земат повеќе од 300 црногорски компании меѓу кои и најголемите ланци на маркети, ХОРЕКА секторот, дистрибутери. Македонските компании кои се учесници во програмата ќе имаат можност за заедничко претставување во форма на експо и B2B средби со учесниците. Во рамки на конференцијата ќе биде организиран и свечена македонска закуска, а свое учество ќе земат и претставници од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Програмата предвидува соработка со компании кои имаат извозен потенцијал и се во можност да го ко-финансираат првичното тестирање на пазарот, како и со компании кои се веќе присутни во Црна Гора, но сакаат да го прошират извозот со дополнителен асортиман. Компаниите учеснички во програмата имаат на располагање експертска поддршка во воспоставување директен контакт со ланците на супермаркети, маркетинг, трејд маркетинг, логистика и транспорт, технологија на храна, итн.

Доколку имате повеќе прашања или би сакале да го изразите вашиот интерес за учество, обратете се на:  tina@theprimepoint.com

 

Scroll to Top