„ОДРЖЛИВ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА” – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ИДЕЈНИ ПРОЕКТИ И КЛУЧНИ ОБЕЛЕЖЈА НА ОПШТИНАТА

Во рамки на проектот „Одржлив локален економски развој”, се одржа завршната работилница од јавно-консултантивниот процес наменета за валидација на идејните проекти и активности за развој на Македонска Каменица. Благодарение на активната вклученост на граѓаните и нивната соработка на изминатите работилници, проектниот тим ги претстави долгорочните и краткорочните идејни проекти кои можат да го унапредат економскиот развој на градот. Исто така беа претставени клучни обележја во насока на градење на препознатливоста за Македонска Каменица како туристичка дестинација, вклучувајќи ги:

  • Активностите на отворено – активен турзам со цел валоризација на природната убавина, уникатните рељефни форми и природни богатства преку пешачење, велосипедизам, адреналински парк, кајакарење, како и други активности поврзани со алтернативен и авантуристички туризам
  • Рурален туризам – традиција, природа, гостопримство, настани, вкусови, локални производи и рачни изработки, традиционални куќи, туристички фарми, итн

Дополнително, како поддршка на примарните туристички активности беа идентификувани:

  • Историско и културно наследство – рударство, споменици, музеи, архитектура, цркви
  • Зелен туризам/зелен град – одржлив туризам, помала употреба на автомобили,  користење електрични велосипеди, соларни клупи, чиста средина, купување и користење на локални производи, обновливи извори на енергија), итн.
  • Гастрономија и агро-туризам – фестивали на храна, сертификат за потекло на мед и други производи, производство и дегустација на локална храна, итн

На настанот беа претставени и деталите за Наградниот конкурс на Општина Македонска Каменица за избор на идејно решение за лого и слоган за проектот за Одржлив развој. Повеќе детали има на следниот ЛИНК.

Партнери: Општина Македонска Каменица и Фондација САСА

Имплементатор: PrimePoint Partners

Scroll to Top