Втора тематска работилница фокусирана на развивање на понудата за одржливиот туризам и одржливо земјоделство во Македонска Каменица

Денес, во Културно Информативниот Центар – Романса во Македонска Каменица се одржа втората тематска работилница во склоп на проектот „Oдржлив економски развој на Македонска Каменица”, фокусирана на развивање на понудата за одржливиот туризам и одржливо земјоделство.
Локалните жители имаа можност да ги споделат своите идеи и во одлична работна атмосфера да ги дискутираат можностите за развој на туризмот и земјоделието кои ги нуди околината на Македонска Каменица.
Во соработка со нашите експерти беа идентификувани клучни проекти кои ќе бидат во фокусот на понатамошната анализа за изнаоѓање на идејните решенија кои ќе бидат вклучени во програмата за економски развој на градот.

Проектот е поддржан од партнерите Фондација САСА и Општина Македонска Каменица и имплементиран од PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro.

Scroll to Top