Денес, во Културно Информативниот Центар Романса се одржа јавен консултативен процес со граѓаните на Општина Македонска Каменица на кој беше претставен
проектот „Оддржлив економски развој на Македонска Каменица“, имплементиран од PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro.
Програмата има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување, пристап до финансии и пласман на производите и услугите.
На настанот присуствуваа повеќе од 50 претставници на локалното население, владини и невладини институции, локални претпријатија, земјоделци, занаетчии, претставници на образовните и научните институции, кои ги споделија своите идеи за проекти за долгорочен развој на општината.
Заедно со нашите експерти за туризам – Maja Блажев и земјоделство – Лазо Димитров, преку активно учество во работилници, пристуните ги идентификуваа потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на туризмот и земјоделството кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот.
Сите заинтересирани кои сакаат да дадат свој придонес во некоја од тематските области, се добредојдени да се приклучат во овој консултативен процес.
Презентацијата од настанот можете да ја најдете на следниот ЛИНК.
Ве молиме пратете ваши податоци на renata@theprimepoint.com
Партнери во проектот се Општина Македонска Каменица и Фондација САСА.