Нашиот шести „Онлајн разговор“ овој пат беше со Рок Хабинц, искусен инвеститор од Словенија, кој зборуваше за „инсајдерски совети од поглед на инвеститорите“. Рок инвестира во компании кои се водени од технологија и на кои им се потребни менаџерски и финансиски вештини што тој може да ги донесе и да помогне во нивниот раст.
Според господиноот Хабинц, инвеститорите бараат:
- Добра тимска динамика, разновидност меѓу тимот во смисла на пол, функционална, образовна разновидност
- Присуство на клучни компетенции за основните функции
- Тимска динамика
- Големи маргини – инвеститорите бараат маргини повисоки од 50%
- Повторливи приходи, модел заснован на претплата – добијте колку што е можно поголема вредност од постојниот клиент. Сите проценки што се прават овие денови се прават врз основа на повторливи приходи.
- Одлична идеја е важна – но обично таа е само 10% од факторите кои го прават успехот.
“Неделно добиваме по 100 идеи. Одличната идеја е дефинитивно важна, но добар тим кој знае како да ја изврши работата е многу поголемо парче во таа загатка. “- изјави тој.
Некои од неговите совети вклучуваат:
- Секој разговор што го имаат членовите на тимот е претставување на бизнисот. Затоа, тие треба да вежбаат, а водачот треба да знае како да презентира.
- Истражете го инвеститорот пред време и знајте дали е соодветен за вас
- Подгответе детален финансиски модел
- Знајте ги недостатоците на тимот
- Треба да знаете како вие му помагате на инвеститорот
Дејан Калиников, извршен директор на СЕАФ Македонија, исто така, присуствуваше на вебинарот и ги сподели македонските околности поврзани со инвестиции. Настанот беше модериран од Дијана Деспотов, Партнер за корпоративни совети и иновации во PrimePoint, а вебинарот беше во организација на PrimePoint Partners Македонија и М6 Едукативниот Центар.