Покана за виртуелно следење на финалните презентации на iCBA бизнис акцелераторот

Финалниот настан на пограничниот бизнис акцелератор кој PrimePoint Partners го имплементира како дел од iCBA програмата за регионална соработка финансирана од EU IPA Interreg,  ќе се одржи на 16ти и 17ти септември во Alexander Innovation Zone во Солун.

На настанот ќе се претстават македонски и грчки стартапи пред интернационална комисија, а ќе учестуваат и претставници на инвестициски фондови, финансиски друштва и бизнис ангели од двете земји, меѓу кои: Сузана Тунтева, Factor Trust; Ели Жабевска, South Central Ventures; Игор Маџов, SwissEP & Startup Macedonia; Ивана Станковиќ, FITR, итн.

Македонските преставници кои ќе презентираат во Солун се следните: Blink, Esnaf Exclusive, Bio Packaging, Khora, Bintern, Instahome.Team, Kenzo, Makedon tehnologii, ENV, Ogranic Balkan и Challenger2.0.

Презентациите ќе почнат во 12:30 по македонско време. Сите заинтересирани да ги следат во живо преку ЗООМ и да се запознаат со можностите за соработка со овие стартапи, може да се пријават на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe5uW5eQIjbBIJqD4aiF3r-ewF9I1EyGdsurOoIb6TMxJMAWw/viewform

Им посакуваме успех на сите!

Проектот  iCBA е ко-финансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Партнери во проектот: Alexander Innovation Zone S.A., SEERC- истражувачки центар на СИТИ колеџ, Технополис Солун ИКТ бизнис парк, Универзитет за информатички науки и технологија (УИСТ) „Св. Апостол Павле “, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење и Фондација YES.

Програмата за бизнис акцелерација во Македонија е организирана од PrimePoint Partners.

Повеќе информации за проектот има на следната страна: https://icba-project.eu/

Scroll to Top