Томислав Рушков, управител на SMARTBEE VENOM COLLECTOR, а воедно и дел од финалистите на бизнис акцелераторот кој се одржа во Охрид како дел од iCBA програмата, раскажува нешто повеќе за својата бизнис идеја

1.Почитувани, кои беа главните мотиви за започнување на SMARTBEE VENOM COLLECTOR?

Главните мотиви беа самата желба и пасија целиот бизнис да го проширам надвор од границите на Македонија, регионот, но и пошироко, глобално. Посебно иновативниот начин на собирање на пчелниот отров, но и отварањето на Центар за Апитерапија, преку кој ќе им се помогне на болните да се лечат на природен начин без никакви негативни ефекти по нивното здравје.

2.Кои ќе бидат вашите главни продукти / услуги?

Главниот производ ќе биде високо квалитетниот пчелин отров – Apitoxin, како и природен начин на лечење на болните со Апитерапија.

3.Кои се вашите предности во однос на конкуренцијата?

Предностите се тоа што единствено ние ги имаме сите потребни документи за производство, складирање и трговија со Апитоксинот. Потоа, начинот на собирање, како и самиот отров се патентирани во Република Албанија бр. 7167 DPPI Тирана. Исто така поседуваме и Решение и одобрение од АХВ на Северна Македонија (Агенција за храна и ветеринарство)за производство, складирање и извоз и увоз на пчелин отров бр. УП – 1 бр. 17-247. Веќе дури имаме купувачи, со што и направивме два пати извоз, трудејќи се да бидеме присутни и на глобалниот пазар.

4.Каква е иднината на SMARTBEE VENOM COLLECTOR?

Иднината е многу светла, бизнисот е профитабилен и се темели на докази и факти тоа што во екот на COVID19 пандемијата, многу од луѓето се фокусираа кон природниот начин на лечење посебно со пчелните производи, меѓу кои и пчелниот отров. Успешни приказни на излечени лица од канцер и рак, како и најновите научни достигнувања во врска се гарантиран успех во лекувањето.

На следниот линк од научна установа од Австралија се докажува дека во рок од 60 минути со помош на пчелин отров (Apitoxin) се уништуваат малигните клетки на канцер на градата.

5.Вие сте дел од финалистите на бизнис акцелераторот кој се одржа во Охрид како дел од iCBA програмата. Дали може да споделите какво беше искуството да се биде дел од таков настан? 

Искуствата се многу корисни, не само за нашиот проект, туку за сите учесници. Тоа што имам искуство со слични презентации, пред многу поголем број на оценувачи, учесници и инвеститори, ми помогна да на секој од учесниците дадам поддршка, охрабрувајќи ги да бидат истрајни во своите напори, бидејќи само оние кои имаат претприемачки дух и визија може да го достигнат врвот.

Поврзете сe со SMARTBEE VENOM COLLECTOR:

Web: Organic Balkan LTD – Organic Balkan

Facebook: www.facebook.com/organicbalkan

LinkedIn: Tomislav Rushkov | LinkedIn

Twitter: Organic Balkan (@organicbalkan) / Twitter

 

Проектот  iCBA е ко-финансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Партнери во проектот: Alexander Innovation Zone S.A., SEERC- истражувачки центар на СИТИ колеџ, Технополис Солун ИКТ бизнис парк, Универзитет за информатички науки и технологија (УИСТ) „Св. Апостол Павле “, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење и Фондација YES.

Програмата за бизнис акцелерација во Македонија е организирана од PrimePoint Partners.

Повеќе информации за проектот има на следната страна: https://icba-project.eu/

 

Scroll to Top