Изабела Соколовска, основач и управител на ЕСНАФ, а воедно и дел од финалистите на бизнис акцелераторот кој се одржа во Охрид како дел од iCBA програмата, раскажува нешто повеќе за својата бизнис идеја

1.Почитувани, како управител на еден навистина извондреден бизнис, дали може да ни кажете кои беа главните мотиви за основање на ЕСНАФ?

Пред десетина години започнав да се занимавам со рачни изработки. Во тој период не можев да најдам место каде ќе ги продавам. Не можев да ги најдам потребните материјали и кој да ме подучи. Потоа, при пласирањето на производите наидов на повеќе предизвици и така решив да почнам да ги решавам еден по еден. Почнав со организирање базар, потоа одржував работилници каде што го пренесував моето знаење за квилингот и на крај го создадов „Еснаф“, местото каде што се продаваат само рачни изработки од сите занаетчии.

 

2.Која е целта на ЕСНАФ Премиум како бренд и какви сѐ производи планирате да нудите со нивиот бренд?

Целта на Ексклузив е да го издигнеме нивото на занаетчиските производи и да претставиме дизајнерски производи кои ќе го издигнат Еснаф на повисоко ниво како бренд. Накит, додатоци и декор за во домот се едни од производите кои ќе бидат застапени.

3.Вие сте дел од финалистите на бизнис акцелераторот кој се одржа во Охрид како дел од iCBA програмата. Дали може да споделите какво беше искуството да се биде дел од таков настан?

Искуството како дел од акселератот е нешто уникатно и посебно за мене. Научив многу работи, подршката за развој на бизнис моделот и насоките за понатамошен развој многу придонеоа во дефинирање на целта на Еснаф. Запознавањето со креативни и иновативни луѓе и нивните идеи ги збогати познанствата.

 

Поврзете се со ЕСНАФ:

Web: Еснаф – Рачни Изработки (esnaf.eu)

Facebook: ESNAF \ ЕСНАФ | Facebook

Instagram: 𝙀𝙨𝙣𝙖𝙛 – 𝙝𝙖𝙣𝙙𝙢𝙖𝙙𝙚 𝙨𝙩𝙤𝙧𝙚 (@esnaf_eu) • Instagram photos and videos

LinkedIn: Esnaf | LinkedIn

 

Проектот  iCBA е ко-финансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Партнери во проектот: Alexander Innovation Zone S.A., SEERC- истражувачки центар на СИТИ колеџ, Технополис Солун ИКТ бизнис парк, Универзитет за информатички науки и технологија (УИСТ) „Св. Апостол Павле “, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење и Фондација YES.

Програмата за бизнис акцелерација во Македонија е организирана од PrimePoint Partners.

Повеќе информации за проектот има на следната страна: https://icba-project.eu/

Scroll to Top