Запознајте го тимот на INSTAHOME.ТЕАМ, прва онлајн платформа за внатрешно уредување во Македонија, кои се учесници во нашата преку-гранична акцелаторска програма и претстојниот Охрид Bootcamp

1.Почитувани, на нашиот пазар ќе понудите еден навистина иновативен и интересен производ претставен преку онлајн платформа која е во финална фаза на изработка, кој беше главниот двигател, мотив за сето ова?

Низ годините работа во областа на внатрешниот дизајн, секојдневно се соочуваме со недостапност до информации за тоа каде се наоѓа одреден прозвод, каде може да се купи, кој го произведува… Ова е проблем кој често бил предмет на дискусија но никогаш досега не сме му посветиле доволно внимание. За време на  пандемијата кога сите останавме дома пред екраните и се служевме со нив како главно средство за комуникација со надворешниот свет, ние решивме да најдеме начин како и од пазарот за уредување и внатрешен дизајн да создадеме онлајн верзија и да им го доближиме преку иновативен и креативен канал на крајните корисници. Ние како иницијатори на оваа идеја веќе имаме заедничко искуство со проекти за внатрешно уредување, па беше лесно да ја развиваме  идејата понатаму, бидејќи како тим целосно се надополнуваме.

2.Што всушност претставува и која е главната цел на INSTAHOME.ТЕАМ?

Главната цел на INSTAHOME.TEAM е да го претстави целиот пазар за внатрешно уредување (од дизајнирање на просторот до нарачка на производите) на екраните на крајните корисници. INSTAHOME.TEAM е онлајн  платформа за внатрешно уредување на домот со вградени софтверски решенија за професионално спроведување на проекти за внатрешен дизајн според омилениот стил на корисникот. Во суштина, INSTAHOME.TEAM е online платформа која ги спојува сите ентузиасти за уредување на својот дом со сите призводители и продавачи на сите потребни елементи  за успешно и брзо реализитрање на проектот за уредување или реновирање. Покрај можноста за самостојно дизајнирање на својот простор, онлајн преглед на сите достапни производи на домашниот пазар, INSTAHOME.TEAM нуди и можност за онлајн нарачка на сите производи од креираниот проект и нивна достава до врата. Дополнително, INSTAHOME нуди и други услуги за сите корисници на оваа платформа, како понуда на уникатни дизајнерски парчиња мебел и декор, обезбедување на помош при селење, осигурување на домот и поставување на безбедносни системи, достапност до хаусмајтори, хигиеничари или контрола на штетници во домот.

3.Кои ќе бидат главните клиенти и корисници на оваа онлајн платформа? Кои  се придобивките за клиентите, а кои за корисниците?

Особено сме горди што оваа платформа носи придобивки на повеќе засегнати страни, односно опфаќа повеќе таргет групи. Иницијално, понудата на INSTAHOME ќе произлегува од асортиманите на нашите бизнис клиенти и ќе биде кохезивна, осносно ќе ги опфати сите производители и продавачи на секој елемент од проектите за внатрешно уредување. Бенефитите за нашите бизнис клиенти се повеќедимензионални и дел од нив се однесуваат на воведување на нов, дополнителен канал на продажба, 24 часовен пристап до голем број потенцијални купувачи, директно вклучување со свои производи во проектите за дизајнирање, како и континуирана марктинг поддршка и олеснување на процесите на бизнис стратегија и планирање преку овозможување на увид во целокупниот пазар и пристап до статистики за најпродавани и најпребарувани производи.

Од друга страна, наши крајни корисници се сите оние кои имаат желба да го уредат сопствениот простор професионално, а сепак да го сторат тоа од комфортот на сопствениот дом, и притоа, истото да го направат бесплатно. На нашата платформа нудиме бесплатни дизајнерски совети и решенија кои им се на располагање на нашите корисници. Со иновативниот генератор за дизајнирање сакаме да ја разбудиме креативната страна во секој корисник, па така стресот при реновирарањето да го замениме со забавно и релаксирачко искуство за целото семејство.

4.Живееме во еден навистина брз свет каде што сакаме сите работи да ги завршиме што побрзо и по можност од дома. Освен што оваа апликација ќе го заштеди времето на корисниците, што друго ќе понуди за истите?

INSTAHOME е платформа каде корисниците можат да најдат сѐ за внатрешно уредување на својот простор, почнувајќи од инспирација за уредување, преку бирање на стил на уредување, креирање на сопствен проект за внатрешен дизајн, како и онлајн нарачување на сите производи од својот уникатен проект. Современото секојдневие и брзиот начин на живот ни остава малку време  за забава и равивање на кретивна страна.

Ние сакаме искуството да се креира нешто самостојно, кое ќе биде лично и уникатно дело, да им го овозможиме на сите креатори на сопствениот дом. Секој во себе има едно дете кое чека да се забавува и да си ја радува душата, а ние како тим целиме да создадеме креативна онлајн платформа која ќе го разбуди дизајнерот во секој корисник.

5.Онлајн купувањето во нашата држава е сеуште во подем, каква иднина предвидувате за INSTAHOME?

Статистиките од развиените земји покажуваат дека на онлајн пазарите за мебел и уредување им претстојат проекции кои се повеќе од ветувачки. За нашата земја и земјите од регионот кои се уште се наоѓаат во фазата на развој е природно да ги следат овие трендови. Затоа сметаме дека INSTAHOME како прва онлајн платформа за внатрешно уредување, се појавува во вистинско време на постојан информатички развој, зголемена потребата за онлајн купување, како и нагорен тренд на доверба на граѓаните во онлајн трансакците. Имајќи ги сите овие факти како поддршка, очекуваме INSTAHOME да стане задолжително прво место за посета при реализација на секој проект за внатрешно уредување.

Проектот  iCBA е ко-финансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Партнери во проектот: Alexander Innovation Zone S.A., SEERC- истражувачки центар на СИТИ колеџ, Технополис Солун ИКТ бизнис парк, Универзитет за информатички науки и технологија (УИСТ) „Св. Апостол Павле “, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење и Фондација YES.

Програмата за бизнис акцелерација во Македонија е организирана од PrimePoint Partners.

Повеќе информации за проектот има на следната страна: https://icba-project.eu/

Scroll to Top