Покана за учество на настан: Презентација на факторинг и добавувачки факторинг како алтернативни финансиски инструменти за зголемување на ликвидноста на компаниите

Почитувани,

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на конференција на проектот за Факторинг на УСАИД кој ќе се одржи на 17ти декември од 11:00 – 11:30 часот на платформата ZOOM.

Во изминатиот период во рамки на овој проект кој го имплементира компанијата Фактор Труст беа спроведени низа успешни активности за зголемување на ликвидноста на македонските компании преку користење на алтернативни извори на финансирање. 

На оваа онлајн презентација ќе бидат укажани придобивките на факторингот и добавувачкиот факторинг и нивната функционалност како финансиски инструменти. Дополнително, ќе бидат претставени неколку студии за познавањето на овие инструменти меѓу македонските компании и нивната сегашна примена кои беа спроведени од консултантската компанија PrimePoint Partners. Исто така, ќе бидат истакнати клучните успеси на проектот и нивното влијание врз македонската економија.

Ве молиме за потврда на Вашето учество на maja@theprimepoint.com

Линк и детали за настанот ќе Ви бидат дополнително споделени.

Ви благодариме!

—-

It is our great pleasure to invite you to the USAID Factoring Project conference, on December 17 from 11:00am to 11:30am on ZOOM.

Recently, Factor Trust Company completed a series of successful activities as part of the USAID Factoring Project, which were carried out to increase the liquidity of Macedonian companies by using alternative sources of financing.

This online presentation will highlight the benefits of factoring, reverse factoring, and their functionality as financial instruments. Additionally, several studies of these instruments and their current application within Macedonian companies will also be discussed by consulting company PrimePoint Partners, highlighting the key successes of the project and its impact on the Macedonian economy.

Please confirm your participation at maja@theprimepoint.com to receive the ZOOM link and additional details.

Thank you!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top