ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА ИКТ КОМПАНИЈА

Компанијата PrimePoint Partners беше вклучена во консултантски проект за брзо растечка македонска ИКТ компанија со цел изработка на стратешки план за проширување и утврдување на најдобриот модел за финансирање кој ќе го поддржи растот на компанијата. Проектот беше поддржан од Европската банка за обнова и развој и се одвиваше во периодот од Декември 2019 – Јуни 2020. Ве молиме прочитајте ја препораката од извршниот директор на компанијата и контактирајте не за целосна листа на референци.

“Силно ја препорачуваме консултантската компанија PrimePoint како партнер за развој на деловно советодавно планирање, стратешко планирање и партнер за планирање на инвестиции на МСП. PrimePoint ни помогна на деловен советодавен проект, вклучувајќи и финансиска анализа, инвестициско планирање, пристап до финансии и организациско преструктуирање. Резултатите се огромни. Добивме комерцијален заем во вредност од 1:1 од годишниот обрт на компанијата со поволни услови за финансирање, како и грант за развој на технологија од ФИТР во вредност од 150.000 ЕУР. Искрено сме благодарни на консултантите кои беа ангажирани во нашиот проект и PrimePoint ги препорачуваме на секоја друга компанија што развива план за инвестиции или стратешка трансформација. ЗМ, Извршен директор.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *