Секој пат кога одите во супермаркет, гласате за својата иднина

Емил Христов е успешен претприемач со македонско потекло кој дипломирал на Вортон Бизнис школата и во моментов престојува во САД. До сега има основано неколку успешни бизниси во сектори како што се инвестиции со изнајмување на недвижнини со краток престој, сметководство и финансиски софтвери и апликации, малопродажба, соларна индустрија, испорака на храна на природни производи на одржлив начин, и други.

Тој има два различни пристапи кон отворање на нов бизнис:

  • Одење кон бизнис заради финансиска можност обезбедена од поволните услови на пазарот – откако ќе се променат овие условите на пазарот, треба веднаш да излезете од бизнисот.
  • Емоционална причина – имате желба за производ што не можете да го најдете на пазарот. Веројатно ќе се придржувате кон бизнисот за време на тешки времиња. Се фокусирате на мисијата, а не на доларите, парите се гориво што ви требаат за да стигнете до мисијата.

Емил силно верува во чиста енергија и во производство на органска храна, кон што се фокусира и неговиот сегашен бизнис. „Секој пат кога ќе одите во супермаркетот, гласате за нешто; гласате на касата – што сакате да поддржите? “ – вели тој. Луѓето што прават производи, ќе направат што и да поддржувате. Ако сакате да поддржите органско, тогаш луѓето ќе направат органско. „Ова е чисто емотивен бизнис за мене и јас сум подготвен да се борам за тоа, не само да ги добивам клиентите, туку и да ги убедам дека ова е вистинскиот начин“. – додаде тој.

Треба да планираме за наредните 6-9 месеци, бидејќи не знаеме колку ќе трае кризата. Користете ги своите средства, не согорувајте ги. Ако не можете да го трансформирате деловниот модел на краток рок, подобро е да го затворите или да отворите нова деловна линија што исто така ќе и служи на вашата мисија. Овој „нов деловен модел“ не е нов почеток, туку вие ќе го градите врз постоечката  деловна инфраструктура. Некои бизниси можат да се прилагодат, а некои не можат да се прилагодат лесно, како што е бизнисот со недвижнини. Но, некои хотели успеаја да се трансформираат, преобразувајќи ги своите простории во канцеларии за изнајмување на луѓето кои не можат да работат од дома. Треба да размислите за:

  • Зошто сте во бизнисот
  • Кои се вашите средства
  • Како можете да ги користите во овие нови услови

Сега е време да се насочиме кон бизнисите што произведуваат есенцијални производи и услуги, а не луксуз. Постојат ограничени инвестиции надвор од есенцијалните кои заземаат место. „Инвестициите во нови бизниси ќе пресушат во следната година и пол. Инвеститорите чекаат ситуацијата да се смири. Тие штедат пари и ја чекаат најдобрата можност. „- изјави тој.

Според Емил, луѓето го потценуваат импактот врз економијата и потенцијалите на економската депресија. Но, тој цврсто верува дека луѓето не треба да очекуваат помош од владата. „Кога станува тешко, луѓето бараат помош од владата. Како може земјата да ви помогне во криза, ако не можела да ви помогне ни кога времињата биле добри?“ – прашува тој. „Не треба да зависиме од владата, туку од слободната економија, личната волја, креативноста, напорната работа и етичката работа“. – заклучи тој.

Вебинарот беше организиран од PrimePoint Partners и М6 Образовен Центар, а го модерираше Дијана Десподов, Партнер за советување и иновации во PrimePoint Partners

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *