Доверба на граѓаните во Владата, компетентни луѓе на соодветни позиции, одлуки базирани на наука – дел од стратегијата на Шведска

Нашиот трет вебинар со дигиталниот стратег, Сесилија Херцел, го разгледа различниот пристап што го презеде шведската влада во справувањето со кризата COVID-19 и како се справија шведските компании.

Стратегијата на шведската влада се состоеше од потпирање врз научни докази и статистика, доверба на граѓаните во владата, компетентни луѓе на вистинските позиции и високо ниво на лична одговорност. „Владата носи решенија засновани врз статистика, главната личност која ја води стратегијата е главен епидемиолог, тие се многу транспарентни и велат дека никој не знае што е најдобрата стратегија, но ако сите ние ја следиме истата стратегија, никогаш нема да знаеме кој е правилниот начин“- објасни Сесилија. „Неколку нови болници со оддели за интензивна нега се отворени брзо, а здравствените работници добиваат двојна плата. Војската не е на улиците, обидувајќи се да ги тргне луѓето од улиците, туку тие создаваат заштитни маски и други медицински помагала, и помагаат во здравството. – додаде таа.

Соработката во рамките на Владата беше доста импресивна. Никој не знае кој е вистинскиот начин на справување со кризата, но граѓаните веруваат дека Владата дава се од себе, и тие веруваат дека таа Влада има капацитет да донесе најдобра одлука за нивната благосостојба. Ова е најважниот фактор за справување со кризата. Нема страв кај луѓето и ситуацијата е многу мирна.“ – вели Сесилија.

Шведска постигна високо ниво во областа на дигитализацијата, заради големата поврзаност и покриеност со фибер-оптички интернет во секое домаќинство обезбедено од Владата. Пред 5 години тие лансирале дигитална училишна платформа, на секое дете му бил даден лаптоп од градот и учениците може да се најават во платформата која ги вклучува сите задачи и предавања од училиштето.

Автомобилската индустрија и другите производители во Шведска се значително погодени. Сепак, Шведска има голем број компании кои произведуваат дигитални услуги, како Spotify, Loopia, итн кои добро напредуваат и покрај кризата. Досега повеќе од 300.000 луѓе ги загубија своите работни места. Фокусот на Владата не само што беше насочен кон помагање на деловните активности, туку и на обезбедување социјална заштита на вработените. Владата им помага на малите бизниси со намалување на даноците, им помага да ја платат киријата и другите оперативни трошоци. Владата исто така им помага да ги задржат вработените покривајќи околу 80% од платите на персоналот, сè додека не се вратат во нормала.

Шведска е фокусирана на производство на дигитални услуги на одржлив начин, како што се центри за податоци кои користат обновливи енергии. Големите компании сфатија дека тие се премногу зависни од гориво и премногу зависни од Кина. Затоа, тие се обидуваат да најдат алтернативи на синџирот на снабдување.

Во Стокхолм е тешко да се пронајдат програмери во изминатите 10 години и сè уште постои голема потреба. ИТ-индустријата е одлична можност за соработка и ќе има поголема потреба од компетентни софтверски компании ќе откако ќе се создадат нормални услови за работа. Исто така, постои потреба од компетентни дата аналитичари.

Постојат различни процеси на соработка со шведските супермаркети, конекцијата сè уште не постои, но постои пазар за прехранбени производи од Македонија, вклучувајќи органски производи и вино. Менаџерите за набавки се заинтересирани да најдат нови производи и тие се согласни да почнат со увоз на помал обем. Сараевската канцеларија на „Бизнис Шведска“ што го претставува регионот може да обезбеди голема помош за поврзување на компаниите со шведските партнери. Но, компаниите исто така можат да користат дигитален маркетинг за да ја таргетираат Шведска и да ја градат побарувачката за производот.

Вебинарот беше модериран од Дијана Десподов, партнерски советник и иновативен партнер во PrimePoint Partners.

ОРГАНИЗАТОРИ:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *